Од:

Светот здивна: Емануел Макрон е претседател на Франција

Од дописникот на НОВА од Париз, Биљана Секуловска

Франција според досегашните избројани гласови го доби новиот претседател- 39-годишниот Емануел Макрон со 65,5% е победник на изборите, кои и беа предвидливи, судејќи според анкетите.

Екстремната десничарка Марин Ле Пен нема повеќе од 34,5%, но она што донесе разочарување е огромниот процент на апстиненција.

Се работи за историски процент- дури 25,3% не гласале, вртејќи им грб и на двајцата кандидати кои доаѓаат од сосема нетрадиционални партии- победници на претходните избори во Франција, социјалистите и републиканците.

Победи демократијата, вредностите на француската Република, наместо застрашувачките визии кои ги упатуваше Марин Ле Пен- барањето да се затворат вратите на емигрантите, но и на Европа.

Макрон за себе вели дека е центрист, но се повеќе се приближува кон левите идеи, додека Ле Пен со екстремните ставови иако изјавуваше дека ќе го ослободува народот од арогантните елити, тешко може да се замисли таква Франција, Европа, доколку таа беше жената која ќе ја предводеше иднината.

Марин Ле Пен се повлекува претходно се повлече од позицијата лидер на Националниот фронт.

Овој чекор таа го направи  по одличните за неа резултати од првиот круг претседателски избори, со образложение дека  на тој начин би била надпартиски определена и би привлекла повеќе гласови на изборите.

Светот може да здивне- Емануел Макрон е новиот претседател на Франција

Франција го доби новиот претседател- 39-годишниот Емануел Макрон со 63% е победник на изборите, кои и беа предвидливи, судејќи според анкетите.

Екстремната десничарка Марин Ле Пен нема повеќе од 40%, но она што донесе разочарување е огромниот процент на апстиненција.

Се работи за историски процент- дури 26,8% не гласале, вртејќи им грб и на двајцата кандидати кои доаѓаат од сосема нетрадиционални партии- победници на претходните избори во Франција, социјалистите и републиканците.