Од:

Светска банка: Од лидер по економски раст Македонија годинава последна

Светската банка во пролетниот извештај прогнозира дека од земјите во Западен Балкан, Македонија, годинава ќе биде на последно место, со раст од 2,8 проценти.

Но овој раст, според оваа Институција, би бил само ако во првата половина од годината се реши политичката криза.

Светска банка посочува дека Македонија и минатата година, со економски раст од 2,4 проценти е во долниот дел од листата, само пред Црна Гора, а како главна причина се посочува падот на инвестициите поради политичката криза.

Како друга причина која негативно влијае на економскиот развој, од Светската банка го посочуваат и податокот според кој Македонија според писменоата на ПИСА тестирањето е на 68-то место од 70 земји, кое покажало дека де третини од младите на 15 години во Македонија имаат потешкотии со читањето и разбирањето, со математика и со природните науки. Овие млади, кога ќе се најдат на пазарот на труд, ќе можат да се вработат пред се во јавниот сектор бидејќи најмногу од субвенционираните вработувања од Владата се тука, се вели во  извештајот на Светската банка за напредокот на Македонија во 2016 година.

Препораката е дека земјата веднаш треба да спроведе системски реформи за да има одржлив економски раст.