Од:

Светски славниот композитор Никола Коџaбашија повторно во “Гардијан”

Светски славниот композитор Македонецот Никола Коџaбашија, кој е со постојано живеалиште во Британија,   повторно е ѕвезда во влијателниот весник “Гардијан” со надалеку фалената претстава Немирната куќа (The restless house) ,која се игра на прославениот фестивал Единбург, Британија.

Препораката на Гардијан во текстот Есенцијалниот театар летово 2017  е да се гледа токму и Немирната куќа на режисерот Доминик Хил, меѓу другите претстави кои се нотирани како најдобри, каде Коџaбашија во живо ја изведува својата композиција и според рецензијата на Гардијан, всушност ја дефинира самата претстава. Претставата се изведува како реприза на фестивалот во Единбург а премиерата беше во Глазгов минатата година во мај.