Од:

Тачи: ДПА има доволно пратеници за влез во владата

Лидерот на ДПА Мендух Тачи на прес – конференција изјави дека изборниот процес поминал со низа неправилности и со закани, купување на гласови и притисоци од страна на ДУИ.

Тој, нагласи дека партијата на Руфи Османи исто така и предавството на Зиадин Села многу и наштети на ДПА.

„Ние успеавме да ги направиме двојно повеќе гласовите од првиот круг сега имаме 80.илјади гласови во републичко ниво. Резултатот е многу задоволителен и многу добар за ДПА, а на ДУИ им порачувам да не слави многу бидејќи немам намера да им ги признавам резултатите, кои наликуваат на резултатите во Северна Кореја. Драги Албанци јас со нив немам намера да водам цивилна војна, но резултатите не им ги признавам затоа што има 57 илјади гласови добиени со кражби, насилство и закани. Според сите сознанија ДПА ќе има 8 или 9 пратеници кои ќе бидат доволни за да ги продолжуваме разговорите за влез во владата.

– Има еден интересен факт.Тие што го бојкотираа Илјаз Халими во првиот круг, во албанските села денес Пендаровски и Иванов по гласови се нерешено. ДУИ гласал за Пендаровски, но за среќа,нивните сојузници СДСМ и Пендаровски одат во историја”- изјави Тачи.