Од:

Тачи: Мнозинството од 67 пратеници е легитимно и го поддржуваме

Првиот човек на ДПА, Мендух Тачи, вели во интервју за Лајм вели мнозинството од 67 пратеници за ДПА е легитимно.

– Според нас, одлуките на Иванов и ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ во Собранието претставува суспендирање на основите принципи на демократијата, директно газење на Уставот и законите. Ние со гласовите што ги имаме освоено ќе го поддржиме мнозинството од 67 пратеници, изјави за Лајм, Тачи.

Како што потенцира тој, мнозинството има апсолутна поддршка од пратениците на ДПА кога станува збор за евроинтеграциските процеси, за кои од СДСМ тврдат дека се приоритет, како и за унапредувањето на правата на Албанците.

– Сакам да бидам јасен, овие два пратеника на ДПА се во легитимната 69, и секогаш ќе бидат. Доколку 67 пратеници направат влада, може да се случи некој да го бојкотира Собранието, но тоа нема да бидеме ние, вели Тачи меѓу другото.