Од:

Тачи на средба со Заев: Ќе бидеме конструктивна опозиција

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со Мендух Тачи го поканил лидерот на ДПА, да се вклучи во процесот реформи што и претстојат на Македонија, информираа од Владата.

„Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, најави дека партијата ќе биде конструктивна опозиција, која ќе ги поддржува интересите на граѓаните и реформските процеси, кои значат придвиживање во евроатланските интеграции, но во исто време ќе биде гласна во своите ставови и критики на политиките за кои партијата ќе смета дека не се спроведуваат соодветно“, наведено е  во соопштението од Владата.



Comments are closed.