Евролига

Кошарка, Евролига: Фенербахче на Антиќ и ЦСКА М. на Фајналфорот

По двете победи во Атина, тимот од Истанбул го совлада Панатинаикос со 79:61 и со максимални 3:0 ја доби четврт-финалната серија. Со ист резултат до завршниот турнир се пробија и московјани кои вечерва во Виторија ја поразија Басконија со 90:88


Евролига: Фенербахче на Антиќ и ЦСКА М. на чекор до Фајналфор

Тимот од Истанбул по вторпат го порази Панатинаикос во Атина (80:75) за водство со 2:0 во четвртфиналната серија. Македонскиот интерационалец за деветте минути на терен имаше ефект од три поени и два скока. Со две победи и московјани ќе патуваат на мегдан на Басконија во Шпанија


Евролига: Олимпијакос и Реал М. со стартни водства во четврт-финалето

Тимот од Пиреја го совлада Анадолу Ефес со 87:72, „кралскиот“ клуб подобар од Дарушафака со 83:75. Вечерва втори мечеви меѓу ЦСКА и Басконија во Москва и на Панатинаикос и Фенербахче во Атина


Кошарка: Наваро е првиот играч со 4.000 поени во Евролигата

Границата ја проби со четирите во мечот против Фенербахче со Истанбул што Барса го загуби со 68:65 по продолженија. Тој е лидер и на вечната листа на најдобри шутери за тројка како и играч со најмногу настапи (319) во елитната конкуренција


Кошарка: Уникаха го освои Еврокупот и се враќа во Евролига

Тимот од Малага ја совлада Валенсија со 63:58 за 2:1 во финалната серија во натпреварувањето и во наредната сезона, по пауза од седум години, повторно ќе биде дел од елитната конкуренција на стариот континент


Евролига: Kошаркарското „Ел Класико“ за Реал Мадрид

„Кралскиот“ клуб ја совлада Барселона со 85:69 и на три гола до крајот на основниот дел на сезоната се врати на лидерската позиција на табелата пред ЦСКА Москва и Олимпијакос. Тимот од Пиреја по продолженија ја победи Црвена звезда со 66:64



Евролига: Фенербахче по вторпат подобар од ЦСКА, 9 коша на Перо Антиќ

Македонскиот интернационалец одигра 20 минути против европскиот првак. Постигна две тројки, еден шут за „два“ и слободно и забележа пет скока. Жалгирис во Каунас ја совлада Барселона со 89:85



Евролига: Фајналфор во 2019 година во Москва

Според рускиот портал „известиа.ру“ натпреварите ќе се играат во „ВТБ Арена Парк“ со капацитет од 12.000 места. Истанбул ќе биде домаќин на турнирот во оваа година, организацијата за 2018 година ја доби Белград