Фенербахче

„Горат“ Скопје и Македонија: Вардар ќе игра во групи во Лига Европа

„Црвено-црните“ кои пред седум дена во СКопје почнаа со испишување на историја со победата над Фенербахче со 2:0, ја комплетираа вечера на „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул со нов триумф над турскиот гигант. Ждрепката за групите ЛЕ е закажана за утре во 13 часот


Јаневски: Дојдовме во Истанбул да играме како да е 0:0

„Црвено-црните“ имаат 2:0 од првата средба на „Телеком арена“ и реални шанси да станат први претставници од домашната сцена што ќе заиграат во групи во натпреварување на УЕФА. Но, нивниот менаџер не дозволува евентуална еуфорија што би довела до коцкање на одличната шанса


Скопје обоено во „црвено-црно“: Вардар го нокаутира Фенербахче

„Црвено-црните“ го совладаа турскиот гигант со 2:0, резултат каков што само можеше да посака Чедомир Јаневски во дебито на клупата. Барсегјан во 20 минута и Топал во втората од судиското продолжение го решија победникот вечерва на „Телеком арена“. Реваншот е на 24 август во Истанбул


Грнчаров: По двете победи на домашен терен, одиме и на трета

Капитенот изрази надеж дека ќе продолжи низата без пораз на „црвено-црните“ како домаќини ова лето, откако пред своја публика ги совладаа Малме во Струмица и Копенхаген во Скопје. Мечот против турскиот гигант на „Телеком арена“ почнува во 20 часот


Фудбал: Вардар со Васоски против Фенербахче, потоа продолжува Јаневски

Поранешниот македонски селектор допатува во Скопје на завршни преговори со раководство на „црвено-црните“ и, според информации од клубот, двете страни се блиску до крунисување со договор на взаемниот интерес за соработка за што говори и најавената промоција утре


Со среќа момци: Барди пред потпис со Леванте, Елмас со Фенербахче

Барди во моментот се наоѓа во Валенсија и подложен е на лекарски прегледи во екипата која се враќа во Примера за наредната сезона. Елмас е во Истанбул на финални преговори со Фенербахче. Според најавите од медиумите во Шпанија и Турција наскоро се очекува и официјализирање на трансферите


Антиќ доби нов соиграч од Ц. звезда: Фенербахче го потврди Гудуриќ

Турскиот клуб не соопшти детаљи за ангажман на младиот српски кошаркар и репрезентативец што, сепак, ги откри Небојша Човиќ, претседател на „црвено-белите“. Според него, белграѓани ќе добијат еден милион евра плус 20 отсто од наредниот трансфер




Евролига: Премиерна титула за Фенербахче, трета за Перо Антиќ

Tимот од Истанбул го порази Олимпијакос со 80:64 (по четвртини: 26:18, 13:16, 21:14, 20:16) во финалето на Фајналфор турнирот и стана прв турски претставник што успеал до тронот по ланскиот пораз од ЦСКА Москва по продолженија. Македонскиот интернационалец вгради четири коша во победата на „жолто-сините“