финале




Чилиќ: Никогаш не сум се повлекол, не сакав ниту денеска

Повредата на левата нога и болките што почна да ги чувствува во пределот на стопалото во паузата меѓу првиот и вториот сет ги урнаа надежите на Хрватот за трофеј на Вимблдон, но останува одличниот впечаток што скромното момче од Меѓугорје го остави на најпознатата тениска трева во светот во изминатите две недели




Вимблдон: Деветто финале за В. Вилијамс, за титулата против Мугуруза

Американката во полуфиналето ја елиминира Џоана Конта со 6:4, 6:2 додека Шпанката ѝ препушти само два гема на Магдалена Рибарикова од Словачка (6:1, 6:1). Женската пресметка за тронот на 131. издание на турнирот е во сабота


Ѓорѓиев по поразот од Украина: Трето сребро, не бевме на ниво за злато

Капитенот беше оптимистички расположен пред Фајналфор турнирот во Европската одбојкарска лига и, со манир на голем спортсмен, доблесно самокритичен по поразот во мечот за титулата во Гентофте, Данска


Фудбал: Купот на конфедерации за помладената Германија

„Панцерите“ во финалето во Санкт Петербург за еден гол беа подобри од Чиле (1:0). Стрелец на единствениот погодок на стадионот „Крестовски“ беше Ларс Штиндл во 20 минута по асистенција на Тимо Вернер за прва титула во натпреварувањето што се одржува од 1992 година колку што имаат и Аргентина, Мексико и Данска. Франција има два освоени пехара, најтрофеен е Бразил со четири. Бронзениот медал за Португалија која по продолженија, во меч за третото место, го порази Мексико со 2:1


Нема трета среќа за Македонија: Европската одбојкарска лига за Украина

Шампионскиот пехар до наредното издание на натпреварувањето ќе престојува во Киев по триумфот на Украинците над „црвено-жолтите“ со 3:1 (по сетови: 25:15, 25:22, 24:26, 25:13) во финалето на Фајналфор турнирот во Гентофте, Данска. Третото место Шведска по триумфот над домашната селекција со 3:1 (по сетови: 25:23, 16:25, 25:19, 25:21)