Франција



СП во ракомет: ИХФ ја казни Македонија со 500 франци

Изречената санкција е за „незапазување на нумеричкиот редослед“ на играчите при претставувањето на терен пред дуелот со Тунис во првото коло на мундијалот во Франција. Казна беше платена и на ЕП во Полска лани за настап во различна боја на чорапи


Червар: Одигравме како тим, дишевме како еден, гиневме на терен

Хрватот на македонското кормилото изразува задоволство од севкупниот настап против Тунис и покрај присутните осцилации на моменти. Победата ја опиша како голема и слатка, но предупреди дека не е време за еуфорија


СП во ракомет: Лазаров најдобар поединец во шесте меча во Франција

Ѕвездата на Барселона и македонски капитен стрелаше со 75 отсто успешност против Тунис. Упати 16 удари, 12 од нив завршија на вистинското место, подели и седум асистенции и беше прогласен за МВП на средбата


Македонија со пресврт го доби Тунис, Лазаров „испали“ 12 гола

„Црвено-жолтите“ по негативата од еден гол на полувреме (13:14) на крајот славеа со 34:30 со што го расчистија патот кон осминафинале на Светското ракометно првенство во Франција. Нареден ривал е Ангола во сабота во 20,45 ч.


СП во ракомет: Франција го згази Бразил во премиерата

„Триколорите“ во реприза на олимпиското четврт-финале го декласираа „кариоките“ со 31:16. Валентин Порте најефикасен со 6 гола, одличен меѓу стативите беше ветеранот Тиери Омејер. Утре на турнирот Македонија против Тунис (17,45 ч.)