Јувентус



Италијанска фудбалска сцена: Шчесни во Јуве, Касано во пензија

Вредноста на соработката меѓу полскиот репрезентативен голман и шампионот во Серија А, според медиуми на Апенините, е 10 милони евра плус два милиона во вид на бонуси или 3,5 милиони евра по сезона. Поранешниот репрезентативен напаѓач на „азурите“, пак, според „Газета дело Спорт“ ќе го раскине договорот со Верона што го потпиша пред само осум дена и засекогаш ќе ги обеси копачките на ѕид


Трансфер бомба одекна од Италија: Бонучи во Милан

Трансферот на репрезентативниот стопер на „азурите“, според медиумите, е вреден 40 милиони евра. По сезона ќе заработува 6,5 милиони и ќе биде нов капитен на „росонерите“. Во текот на денешниот ден е најавен да отпатува во Кина каде се подготвува екипата и да парафира четиригодишен договор


Трето засилување на „Етихад“: Дани Алвеш кај Гвардиола во Сити

Договорот ќе гласи на две години, трансферот ќе биде комлетиран во теко на наредната недела. Меѓу „граѓаните“ ова лето веќе пристигнаа Португалецот Бернардо Силва од Монако и бразилскиот голман Едерсон од Бенфика



Лига на шампиони: Реал М. и Јувентус во поход на фудбалскиот Олимп

Финалето меѓу бранителот на трофејот од Шпанија и италијанскиот првак кого го нарекуваат „дежурен губитник“ поради четирите порази во мечевите за титулата е вечерва (20,45 ч.) на стадионот „Милениум“ во Кардиф


Фудбал, ЛШ: Реал и Јувентус во прво финале под затворен кров

Одлуката ја донесе Фудбалската асоцијација на Велс (ФАВ) од сигурносни причини и во координација со безбедносните власти по самоубиствениот бомбашки напад во понеделникот во Манчестер пришто загинаа 22 лица


Јувентус го продолжи договорот со Манџукиќ, го откупи на Квадрадо

Двајцата остануваат во Торино до летото во 2020 година. „Старата дама“ ја продолжи соработката со Хрватот за 12 месеци (актуелната завршуваше во 2019 година), а за услугите на Колумбиецот му плати 20 милиони евра на Челзи


Серија А: Јуве со шесто Скудето во низа, Џенова на Пандев опстана

„Старата дама“ како домаќин го совлада Кротоне со 3:0 за втора титула во сезона по освоената во Купот на Италија, „Бјанконерите“ ќе имаат можност и за трета против Реал Мадрид во финалето на ЛШ на 3 јуни во Кардиф. Тимот на капитенот на репрезентацијата на Македонија останува во елитата по победата над Торино со 2:1