квалификации за СП 2018

Квалификации за СП 2018: Полувреме за Македонија, бодовите за Шпанија

„Фуријата“ вечерва славеше на „Телеком арена“ со 2:1 во шестото коло од циклусот за завршниот турнир во Русија. Давид Силва во 15 минута и Диего Коста во 27 минута погодија за гостите, Стефан Ристовски во 66 минута го постигна единствениот гол за „црвено-жолтите“ во петтиот пораз во групата Г. Наредниот настап на „црвено-жолтите“ ќе биде на 2 септември на гости против Израел


Квалификации за СП 2018: Македонија сака да биде фактор против Шпанија

Фудбалската репрезентација вечерва (20,45 ч.) на „Телеком арена“ против моќната „црвена фурија“ во циклусот за планетарниот собир догодина во Русија. Во нашата група уште меча во истиот термин – Италија е домаќин на Лихтенштајн, а Израел на Албанија


Фудбал, квалификации за СП 2018: Седумка на Германија и три хет-трика

„Панцирите“ во Нирнберг го совладаа Сан Марино со 7:0. Сандро Вагнер постигна три гола за составот на Јоаким Лев, ефект каков имаа и Левандовски за Полска против Романија (3:1) и Јоветиќ за Црна Гора против Ерменија (4:1)


Kвалификации за СП2018: Андора ја тресна Унгарија, рекорд на Снајдер

Фудбалските лилипутанци славеа со 1:0 на стадионот „Комунал“ во Ла Вела каде со истиот резултат беше совладана и Македонија во октомври во 2004 година, играчот за врска на Галатасарај со најмногу настапи (131) за Холандија


Квалификации за СП 2018: Германија и Англија како казнени експедиции

Германската репрезентација е со максимален ефект по првата половина од квалификациите по убедливиот триумф над Азербејџан во Баку со 4:1, англиската, пак, со 2:0 на „Вембли“ ја порази Литванија. Црногорците загубија во Подгорица од Полска, Шкотска ги совлада Словенците на Среќко Катанец


Бугарија му пресуди: Дени Блинд доби отказ по враќањето од Софија

„Лалињата“, по поразот на „Васил Левски“, паднаа на четвртото место во групата А и се најдоа во неприлика повторно да останат без учество на големо фудбалско натпреварување по ЕП 2016. Оттука и експресната одлука на холандскиот фудбалски сојуз (КНВБ)



Квалификации за СП 2018: Македонија со три гола до три бода во Вадуц

Еврогол на Бобан Николов во финишот на првото полувреме и два на Илија Несторовски во второто за очекувана и заслужена победа над Лихтенштајн во Вадуц во квалификациите за СП 2018. Напаѓачот на Палермо не реализира пенал во 90 минута. „Црвено-жолтите“ во вторник во Скопје ќе играат пријателски меч со Белорусија, на 11 јуни ќе бидат домаќини на Шпанија