Лига на шампиони


Ракомет, ЛШ: Вардар славенички во Германија

Македонскиот првак го совлада Фленсбург со 26:24 во првиот четвртфинален меч. Штербик одличен на голот со 16 одбрани, Душебаев и Дибиров постигнаа по пет. Реваншот е во четврток во Скопје во 19 ч.



Фудбал, ЛШ: Барса се прости без испукан куршум, Јуве, сепак, не е ПСЖ

Без голови заврши реваншот меѓу шпанскиот и италијанскиот клуб на „Камп Ноу“. „Бјанконерите“ продолжуваат натаму по убедливата победа во Торино со 3:0. Монако и во реваншот подобар од Борусија Д. со 3:1



Фудбал, ЛШ: Мадридските клубови во полуфинале, Касаи го поттурна Реал

Баерн славеше во основниот дел од реваншот со 2:1 за продолженија во кои „кралскиот“ клуб постигна три гола и со 4:2 ја доби двочасовната фудбалска претстава на „Бернабеу“. Унгарскиот судија престрого го исклучи Видал во 84 минута и заедно со асистентите не видоа офсајд на Роналдо во 105 минута за израмнување на 2:2. Атлетико го елиминира Лестер



Удар за Реал М.: Бејл не игра против Баерн

Велшанецот влече проблеми со листот на мускулот од средината на вториот дел во мечот на „Алијанц арена“ поради што го немаше во составот и против Спортинг Хихон во саботата, а според најавите би можел да го пропушти и „Ел Класико“ наредниот викенд