Манчестер Јунајтед


Фудбал: Реал М. без пораз во финале со Зидан и 66 меча со даден гол

„Кралскиот“ клуб вчеравечер прослави петта победа во меч за титула под водство на францускиот менаџер и ја продолжи рекордната низа на натпревари со една и повеќе реализации во сите натпреварувања


УЕФА спектакл во Скопје: Четврта Суперкуп титула за Реал Мадрид

„Кралскиот“ клуб подобар од Манчестер јунајтед на „Телеком арена“ со 2:1 за одбрана на тронтот што го запоседна лани по триумфот над Севилја во Трондхајм. Касемиро и Иско стрелци за тимот на Зинедин Зодан, Лукаку за „црвените ѓаволи“ кои остануваат на единствениот освоен пехар засега во 1991 година против белградска Црвена звезда. Иско прогласен за играч на натпреварот во Скопје


Шоуто може да почне: Реал и Манчестер Ј. по трофеј во 42. Суперкуп

Дуелот меѓу шпанскиот и англискиот великан на „Телеком арена“ во Скопје е со почеток во 20,45 часот. „Кралевите“ во обид да ја одбранат ланската титула што ја освоија во Трондхајм против Севилја за вкупно четврта во Суперкуп натпреварите, „црвените ѓаволи“, пак, ќе атакуваат на втора по единствената засега против Црвена звезда од 1991 година. Правдата доверена на италијанскиот судија Џанлука Роки.



УЕФА Суперкуп: Фудбалска „бела ноќ“ во Скопје

Улица „Македонија“, вообичаено главна артерија во централното градско подрачје за променада, и истоимениот централен плоштад се преплавени со луѓе почнувајќи од хотелот „Бристол“, па таму некаде до „Даут Пашин Амам“. Ги има од сите возрасни категории, но, се чини, во атмосферата што е налик на карневалска најмногу уживаат и најсилно бијат детските срца


Изненадување и за шпанските медиуми: Роналдо во авионот за Скопје

Веста дека на списокот патници за Македонија се наоѓа и Португалецот наиде на задоволство кај фановите на „кралскиот“ клуб. Во експедицијата на гигантот од Мадрид и синот на Зинедин Зидан, Лука кој ќе биде трет голман на „Телеком арена“


Суперкуп: Пазарна инспекција не реагира, навивачите ќе спијат по куќи

Државниот пазарен инспекторат нема направено вонредни контроли во хотелите и мотелите во Скопје во пресрет на Суперкупот. Оттаму велат дека досега до нив немало поплаки…



Мората се пофалил на пријателите: Продолжувам во Манчестер јунајтед

Според британските медиуми, управата на „црвените ѓаволи“ ќе плати 70 милиони евра за услугите на шпанскиот репрезентативец што засега го прават да биде најскап фудбалер во летниот преоден рок