Монако

Трансфер сага: „Марка“ го однесе Мбапе во Реал М., Монако демантира

Шпанскиот весник наведува дека „кралевите“ се согласиле да платат 180 милиони евра за 18 годишниот напаѓач од кои 160 милиони веднаш, а 20 милиони преку бонуси. Договорот би се однесувал на шест сезони за неделна плата од 135.000 евра. Тимот од Кнежевството експресно реагираше и преку бритаски „Скај“ порача дека фудбалерот не е продаден


Гвардиола ја заокружи најскапата одбрана: Сити го купи Менди од Монако

За неговите услуги на сметката на клубот од Кнежевството ќе легнат 48,88 милиони фунти што францускиот лев бек го прават најскап дефанзивец во историјата на фудбалската игра. Тој е шесто засилување на „Етихад“ ова лето и заедно со претходните пет ги чинат „граѓаните“ преку 200 милиони фунти


Желба на „Паркот на принцевите“: ПСЖ со 135 милиони евра по Мбапе

Напаѓачот има одлична сезона зад себе во дресот на Монако и со прикажаните партии го привлече вниманието на голем број фудбалски клубови на стариот континент, но само мал дел од нив може да си дозволат таков луксуз, а „светците“, без сомнение, се меѓу таквите. Интерес за него има и Реал Мадрид, Арсенал и неколку други гиганти во европскиот фудбал


Хамилтон призна: Болидот на Ферари функционира на сите патеки

Британецот ја почна уличната трка во Монако како 13, а ја заврши како седми поради проблеми со својот болид. По шест станици во Формула 1 шамионатот во 2017 година заостанува 25 бода во генералниот пласман зад лидерот Фетел. Шанса за поправање на впечатокот ќе има на 11 јуни на патеката „Жак Вилнев“ за ГН на Канада


Прво летно засилување за Сити: Силва од Монако за 43 милиони фунти

Португалецот во наредните пет сезони ќе биде дел од „граѓаните“ за кои ќе игра во дрес со бројот 20. На тимот на Пеп Гвардиола ќе се приклучи на 1 јули. Од „Етихад“ на лето заминуваат Клиши, Навас, Сања, Кабалеро и Забалета



Фудбал, ЛШ: Јувентус вади потврда, Монако по сензација

„Старата дама“ влегува во вечерашниот реванш со предност од 2:0 од првата средба на „Луј Втори“. „Кнезовите“ се свесни дека ќе биде тешко, но силно веруваат дека можат до финалето во Кардиф на 3 јуни.


Фудбал, ЛШ: Игуаин го постави Јувентус на курс кон Кардиф (Видео)

Аргентинецот ги постигна двата гола за „старата дама“ во триумфот со 2:0 против Монако на „Луј Втори“, Бразилецот Дани Алвеш двоен асистент. Реванш полуфиналниот дуел е за шест дена во Торино



Фудбал: Навивачите на Борусија ги вдомуваат фановите на Монако

На „Твитер“ е отворена акција насловена како #bedforawayfans, а насочена за гостите кои допатуваа од Кнежевството за полесно да најдат место за непланираното преноќување во Дортмунд. Дел од хотелите во градот нудат бесплатено сместување за навовачи со влезница за мечот