Подготовки

Фудбал: Вардарци во Австрија ќе чекаат ривал во ЛШ

Македонскиот фудбалски првак од денеска е во Бад Тацмандорф, утре напладне (12 ч.) ќе дознае против кого ќе игра во второто квалификациско коло за елитното натпреварување на УЕФА. На проба во екипата е бразилскиот напаѓач Матеус Лима Круз. Екипата ќе работи во некомплетен состав до приклучување на шесте младински репрезентативци на Македонија по настапите на ЕП 2017 во Полска


Квалификации за СП 2018: Македонија почна да се остри за Лихтенштајн

„Црвено-жолтите“ не бегаат од фаворитската улога, но и самите се свесни дека ќе мора и да ја оправдаат на терен и конечно, по пдоолго време, да почнат да напредуваат на ФИФА ранг листата. Натпреварот е во петок на „Рејнпарк“ во Вадуц со почеток во 20,45 ч.



Червар: Видов и добри и лоши моменти, но како за прв меч беше добро

Македонија подобра од БиХ со 28:24 во првиот контролен дуел во Скопје пред настапот на СП во Франција. Утре и задутре уште два меча со истиот ривал, но затворени за јавност. Дејан Манасков вечерва беше најефикасен со осум гола


Ракометарите се симнаа од Маврово: Червар го повика Митревски

Селекторот даде слободно до понеделник кога почнува завршното темпирање на форма за СП во Франција. Националниот тим ќе има три контроли во наредната недела против БиХ, конечниот список на патници за мундијалот е најавен по Божик