Рафаел надал


Французите му оддаваат почест: Статуа на Надал на Ролан Гарос

Организаторите на вториот тениски гренслем во сезоната решија да му оддадат признание на Шпанецот во форма на статуа во парискиот тениски комплекс за неговите девет досегашни победи на турнирот


Тенис: Пие по 8 литри вода, игра по 11 саати, а го нема на АТП листата

Франко Ливи има 27 години, по потекло е Италијанец и важи за најбаран спаринг партнер во светскиот тенис. Интересот е особено голем кај тенисерите поради фактот дека е леворак играч кој во нивните подготовки на тренинзите го заменува Рафаел Надал. На Ролан Гарос за првпат работеше со Ѓоковиќ под водство на Агаси. Работел со многу колеги, но никогаш со Роџер Федерер


Ѓоковиќ по втората победа на Ролан Гарос: Од ден во ден сум сè подобар

Србинот обезбеди пласман во третото коло по триумфот над Португалецот Жоао Соуса со 6:1, 6:4, 6:3, Надал со ист резултат го совлада Робин Хасе. Победи на Мугуруза и В. Вилијамс на женскиот дел од гренслемот, порази на Квитова, Цибулкова и Пуиг


Тениски Мастерс во Рим: Доминик Тим преку Надал до полуфинале

Австриецот до вториот триумф (6:4, 6:3) во шестото соочување со Шпанецот стигна за час и 51 минута и во полуфиналето го чека подобриот од мечот меѓу Ѓоковиќ и Дел Потро. Првата двојка што ќе игра за меч за титула во Вечниот град ја формираа Американецот Џон Изнер и Германецот Александар Зверев





Тенис: Надал е прв тенисер со 10 титули на еден Мастерс

Шпанецот во финалето во Монте Карло загуби само четири гема во дуелот со сонародникот Алберт Рамос Винолас 6:1, 6:3 за јубилејна победа на турнирот во Кнежевството, прва во 2017 година и вкупно 70 во кариерата. Десетка ќе „лови“ и во Барселона наредната недела, а потоа и на Ролан Гарос


Тенис: Надал последен полуфиналист во Монте Карло

Шпанецот во два сета по 6:4 го елиминира Диего Себастијан Шварцман како нова потврда за добрите настапи на еден од неговите омилени турнири во сезоната на земја. Финале на Мастерсот ќе брка низ дуел со Давид Гофан