Реал Мадрид


Евролига: Олимпијакос и Реал М. со стартни водства во четврт-финалето

Тимот од Пиреја го совлада Анадолу Ефес со 87:72, „кралскиот“ клуб подобар од Дарушафака со 83:75. Вечерва втори мечеви меѓу ЦСКА и Басконија во Москва и на Панатинаикос и Фенербахче во Атина



Фудбал, ЛШ: Мадридските клубови во полуфинале, Касаи го поттурна Реал

Баерн славеше во основниот дел од реваншот со 2:1 за продолженија во кои „кралскиот“ клуб постигна три гола и со 4:2 ја доби двочасовната фудбалска претстава на „Бернабеу“. Унгарскиот судија престрого го исклучи Видал во 84 минута и заедно со асистентите не видоа офсајд на Роналдо во 105 минута за израмнување на 2:2. Атлетико го елиминира Лестер


Удар за Реал М.: Бејл не игра против Баерн

Велшанецот влече проблеми со листот на мускулот од средината на вториот дел во мечот на „Алијанц арена“ поради што го немаше во составот и против Спортинг Хихон во саботата, а според најавите би можел да го пропушти и „Ел Класико“ наредниот викенд



Примера: Хет-трик на Мората за Реал, Барса демонстрира сила со Севилја

„Кралскиот клуб“ ја сочува лидерската позиција на табелата по триумфот над Легањес со 4:2, Каталонците за само осум минути на „Камп Ноу“ ги решија гостите од Андалузија за конечни 3:0


Мбапе на лицитација: Манчестер Ј. нуди 110 милиони евра, Реал М. 120

Ако е за верување на шпанската радио станица „Кадена Копе“, тимот од Кнежевството го одбил вториот финансиски напад од „Олд Трафорд“, „Марка“ и „Ас“ пишуваат дека ќе биде нов член на „кралскиот“ клуб. Интерес за 18 годишниот тинејџер и од Барселона, ПСЖ, Јувентус и останатите гиганти од англиската Премиерлига


Евролига: Kошаркарското „Ел Класико“ за Реал Мадрид

„Кралскиот“ клуб ја совлада Барселона со 85:69 и на три гола до крајот на основниот дел на сезоната се врати на лидерската позиција на табелата пред ЦСКА Москва и Олимпијакос. Тимот од Пиреја по продолженија ја победи Црвена звезда со 66:64