репрезентација


Одбојка, Европска лига: Македонија на рутина и против Азербејџан

Националите го совладаа и Азербејџан со 3:0 (по сетови: 25:20, 25:19, 25:21) во натпревар од второто коло на вториот турнир во групата А што викендот се игра во Тирана. Настапите во групната фаза ќе бидат комплетирани со утрешниот дуел (18 ч.) против Албанија


Ракомет: Против Германија, Црна Гора и Словенија на ЕП 2018

Натпреварите во групата Ц ќе се играат во Загреб, трите најдобропласирани репрезентации ќе продолжат во главната фаза во Вараждин заедно со најдобрите три тим од групата Д. Завршниот турнир ќе се одигра од 12 до 28 јануари во Хрватска


Западниот сосед без селектор: Де Бјази го напушти албанското кормило

Италијанецот, под чие водство Албанците се пласираа на ЕП 2016, заминува по шестгодишен ангажман во Тирана. На разделба порача дека остава добар и формиран тим, но причини за одлуката за разделба не наведе


Турција се провлече во Скопје: Македонска доминација без реализација

„Црвено-жолтите“ ремизираа без голови во контролата пред Шпанија во сабота во Скопје. Беа подобар ривал од турската селеција која е 25 светска репрезентација, имаа два поништени гола на Мојсов и на Алиоски, уште неколку добри закани и зицер во 88 минута што Тричковски не успеа да го претвори во гол за победа


Фудбал, У21: Младинците во погон за ЕП во Полска

Селекторот Благоја Милевски додаде седуммина репрезентативци од генерацијата 1996/97, го заокружи списокот на 24 играчи кои ќе патуваат на континенталниот турнир од 16 до 30 јуни и го одржа првиот тренинг во центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ


Ангеловски го отвори картите: Тројца дебитанти за Шпанија и за Турција

Повик во сениорската репрезентација на Македонија за првпат добија Елиф Елмас од Работнички, Јани Атанасов од Академија Пандев и Амел Рустемоски од Грасхоперс, нови покани за Кристијан Тошевски од Пелистер и Дарко Чурлинов од Келн, Давид Митов Нилсон одново е конкурентен за место меѓу стативите


Холандија избра селектор: Дик Адвокат доби трет мандат на кормилото

Функцијата, според најавите, ќе ја преземе на крајот на сезоната по завршување на обврските кон Фенербахче чиј тренер е во моментот. Негов асистент во работата со националниот тим ќе биде Руд Гулит