Роџер Федерер

Федерер бурно ја прославил титулата на Вимблдон: Ми „звони“ во главата

Швајцарецот вчера попладне ја освои рекордната осма титула во Лондон по победата во финалето против Марин Чилиќ и реши да остане со „спуштена рачна“ на прославата. Затоа утрово, како што самиот кажа, се разбудил со силна главоболка по освојувањето на 19. гренслем турнир во кариерата




Ѓоковиќ: Знам што да правам за враќање на вистинската форма и игра

Српскиот тенисер го совлада Адам Павлашек со 6:2, 6:2, 6:1 во второто коло на Вимблдон, Федерер подобар од Лајовиќ со 7:6, 6:3, 6:2. Елиминација на Дел Потро кај мажите и на Каролина Плишкова (трета носителка и Кристина Младеновиќ (12) на женскиот гренслем во Лондон


Вимблдон: Клижан се предаде пред Ѓоковиќ, Долгополов пред Федерер

Србинот имаше 6:3, 2:0 во моментот кога Словакот одлучи да се повлече, Швајцарецот, пак, водеше со 6:3, 3:0 кога Долгополов беше принуден да се откаже. Во второто коло продолжија и Раониќ, Монфис, А. Зверев, Дел Потро. Кај девојките, Кербер, Ка. Плишкова и А. Радванска со убедливи настапи, елиминирани пет носителки – Пављученкова, Гаврилова, Бертенс, Дејвис и Жанг




Тенис: Ролан Гарос без Роџер Федерер

Швајцарецот ја образложи неочекуваната одлука за јавноста со желбата за што подобра подготовка за турнирите на трева и на тврда подлога што ќе следуваат во продолжение на сезоната по гренслемот во Париз


Тенис: Федерер се остри за Ролан Гарос

Швајцарецот има одлични резултати во првиот квартал од 2017 година. Триумфира на Австралија опен и ги освои Мастерсите во Индијан Велс и во Мајами. Паузира од почетокот на април и полни батерии за настапите во Париз