трансфер

По седум години во Рим: Коларов замина од Лацио, се врати во Рома

Српскиот фудбалски репрезентативец во наредните три сезони ќе настапува во дресот на „волчицата“, откако нејзината управа и Манчестер сити постигнаа договор за трансферот, пренесува „Скај Италија“. Римјаните ќе платат, речиси, пет милиони евра за обесштетување на „граѓаните“


Брза потврда од Валенсија: Барди во Леванте до 2020 година

Македонскиот репрезентативец успешно ги мина лекарските прегледи и потпиша тригодишен договор со шпанскиот прволигаш од Валенсија со опција за продолжување на соработката за дополнителни две сезони. Вредноста на трансферот е 1,5 милиони евра


Трансфер бомба одекна од Италија: Бонучи во Милан

Трансферот на репрезентативниот стопер на „азурите“, според медиумите, е вреден 40 милиони евра. По сезона ќе заработува 6,5 милиони и ќе биде нов капитен на „росонерите“. Во текот на денешниот ден е најавен да отпатува во Кина каде се подготвува екипата и да парафира четиригодишен договор


Од Германија се сели во Италија: Чалханоглу во Милан до 2021 година

Турскиот интернационалец е шесто летно засилување за „росонерите“ по Борини, Мусачо, Кеси, Силва и Родригез. Неговиот трансфер во тимот од „Сан Сиро“ е тежок 20 милиони евра и дополнителни четири во вид на бонуси


Не сакаше и нема да игра против Челзи: Тери се сели во Астон Вила

Стоперот со тимот од Бирмингам, кој патем е поранешен европски првак, ќе потпише договор на една година вреден 3,5 милиони евра и веднаш ќе се приклучи на подготови на екипата за наредната сезона во Чемпионшип дивизијата


Трансфер по мерка на фановите: Лаказет во Арсенал за 50 милиони евра

Напаѓачот, според најавите, се очекува во Лондон најдоцна до среда и по минување на лекарските прегледи да стане и официјално член на „топчиите“. Трансферот го потврдија голем број од медиумите во Франција и во Англија


Ракомет: Полина Кузнецова во ЖРК Вардар како замена за Херем и Мавсар

Руската репрезентативка и македонскиот женски ракометен првак потпиша договор на две години со можност за негово продолжување. Игра на позицијата лево крило. Висока е 168 сантиметри и меѓу „црвено-црните“ пристигнува како слободна ракометарка. Лани го освои златниот медал со „зборнаја“ на Игрите во Ро де Жанеиро


Трансфер: Сиригу како замена за Харт во Торино

Италијанскиот репрезентативец се враќа во домашната фудбалска сцена од екипата на ПСЖ чиј член беше од 2011 година. Во 2016 година беше испратен на позајмица во Севилја, а оваа година и во Осасуна


Од Рим во градот на Битлси: Мохамед Салах потпиша за Ливерпул

Египетскиот репрезентативец ја напушти Рома, ги мина лекарските прегледи и потпиша петгодишен договор со тимот од „Енфилд роуд“ за сума од 45 милиони евра, колку што добиja римјаните како отштета, кои го прават најскапо засилување на „црвените“