Од:

Таравари: Се работело во матно, ќе има ревизија, но и департизација

Дали новиот министер за здравство  Арбен Таравари, се слушнал со екс министерот Тодоров по нападот што беше извршен врз него? Што разговарале?  Што ќе биде приоритет веднаш по влегувањето во кабинетот, ќе направи ли ревизија на досегашното работење,  ќе ја врати ли довербата меѓу лекарите и пациентите, кои реформски зафати ќе ги укуне, а што ќе ревидира. Ќе има ли партиски директори или ќе се постaвуваат според способноста , што планира со специјализантите? Има ли стратегија за болниците во внатрешноста, ќе побара ли отчет за големата смртност на новороденчиња. За овие и за многу други прашања во ПРОЦЕС зборува министерот за здравство Арбен Таравари.