Од:

Тажна вест од фудбалот: Почина Уго Ехиогу на 44 години

Поранешниот репрезентативец на Англија, Уго Ехиогу почина на 44 години откако вчера колабираше за време на тренингот на фудбалерите до 23 на лондонски Тотенхем.

Ехиогу, кој има 4 настапи за репрезентацијата на „Гордиот Албион“, беше тренер на резервниот тим на Тотенхем, а вчера веднаш беше пренесен во болница откако доживеал срцев удар на тренинг.

Уго Ехиогу починал во раните утрински часови.