Од:

Телохранител на Мијалков претепал жена пред полициска станица Карпош

Телохранител на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков претепал женско лице пред очите на своите колеги полицајци, јавува ТВ 24.

Како што пишува медиумот инцидентот се случил минатиот викенд пред полициската станица Карпош. Според очевидците, телохранителот на Мијалков ја нападнал жената со тупаници во главата. Еден од сведоците на настанот повикал итна медицинска помош.

Инцидентот се случил пред полициската станица во Карпош, затоа што според сознанијата жената дошла во оваа полициската станица со намера да пријави дека претходно била физички малтретирана од истото лице. Но, тој дошол веднаш по неа, и ја нападнал пред присутните полицајци.

МВР потврдиле дека личниот телохранител на Мијалков од редовите на МВР е суспендиран, други детали не соопштуваат додека не заврши целата истрага.

Телевизијата јавува дека против телохранителот е поднесена прекршочна пријава. Според нашите извори, внатрешната контрола во министерството го одземала целото оружје кое го поседува телохранителот на поранешниот директорот на УБК.