Од:

Тенис: Џоана Конта со трофејот во Мајами

Џоана Конта е победничка на женскиот турнир во Мајами што се играше за награден фонд од 6,9 милиони долари. Британката во финалето беше подобра од Каролина Возњацки од Данска со 6:4, 6:3.

До највредната титула во кариерата, по Сиднеј и Станфорд, Конта стигна по час и 35 минути. Имаше целосна контрола во мечот и на крајот заслужено се промовира како прва британска тенисерка со трофејот на Флорида. Но, и прва Британка која освоила голем турнир по Вирџинија Вејд која во 1977 година, во финалето на Вимблдон, ја порази Бети Стоув.

Од понеделник таа ќе биде седми светски рекет кај дамите на најновата ВТА ранг листа, а за успехот во Мајами доби чек на 940.000 долари.

ВТА Мајами – серија Премиер – награден фонд 6,993.450 милиони долари

Финале: Конта (В. Британија) – Возњацки (Данска) 6:4, 6:3