Од:

Тенис: Федерер постави рекорд и го освои својот осми Вимблдон

На финалето на Вимблдон вредно 2,5 милиони евра Швајцарецот Роже Федерер го освои својот 19-ти Гренд Слем и 8-ми Вимблдон.

Со титулата која ја освои против Марин Чилиќ, Федерер стана и највозрасниот шампион.

Во едно извонредно финале, Федерер со 3-0 (6-3, 6-1, 6-4) го совлада Хрватот и за време на целото финале делуваше надмоќно и речиси перфектно.

– Не знаев дали ќе можам да достигнам вакви височини после минатата година. Среќен сум што сонував и еве сум, го освоив осмиот Вимблдон. Се надевам дека следната година ќе се вратам и ќе го бранам овој трофеј. Се чувствувам супер и ова многу ми значи. Се вратив овде и трофејот е во моите раце без да испуштам сет. За мене ова е магично, изјави Федерер по мечот.

Чилиќ од друга страна изрази надеж дека ова не му е последно финале и дека еден ден ќе го освои неформалното Светско првенство во тенис.

– Никогаш во кариерата не сум предал меч кој сум го започнал. Го играв најдобриот тенис во мојот живот и се надевам дека ќе се вратам повторно и ќе пробам да го освојам Вимблдон, изјави Чилиќ по финалето.

За него пак, Федерер имаше само пофални зборови.

– Некогаш е сурово, тој е херој, се бореше силно и му честитам на одличниот турнир. Биди горд на себе, одличен беше, му порача Федерер.

Ова неговата 1111 победа севкупно во кариерата. Со оваа титула нема веднаш да се качи прв на АТП листата, ќе биде трет, но доколку продолжи со истото темпо како што игра, на крајот од годината веројатно ќе се врати на местото рекет број 1 во светот.