Од:

Тенис, Индијан Велс: Веснина и Кузнецова за титула

Русинките Елена Веснина и Светлана Кузнецова ќе играат во утрешното женско финале (19 ч.) на турнирот во Индијан Велс. Веснина во полуфиналето ја совлада Кристина Младеновиќ од Франција со 6:3, 6:4, а Кузнецова беше подобра од чешката тенисерка Каролина Плишкова со 7:6, 7:6.

За победничката на турнирот се предвидени 1,175.505 милиони американски долари и 1.000 ВТА поени, поразената ќе добие чек на 573.680 долари и 650 бодови.

На турнирот во машка конкуренција за вечерва се најавени полуфиналните дуели. Први на терен ќе излезат Шпанецот Карено Буста и Вавринка, а по нив Федерер и Сок.