Од:

Тениски Мастерс во Рим: Доминик Тим преку Надал до полуфинале

Доминик Тим се придружи на Американецот Џон Изнер и Германецот Александар Зверев во полуфиналето на АТП тенискиот Мастерс во Рим што се игра за награден фонд од 4,27 милиони долари. Австриецот во четврт-финалето го елиминира Рафаел Надал со 6:4, 6:3 за негова втора победа во шестото соочување со Шпанецот.

Полуфиналната четворка ќе биде комплетирана вечерва по дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро. Победникот за место во големото финале ќе игра токму против Тим.

Симона Халеп од Романија, Кики Бертенс од Холандија и Украинката Елина Свитолина ќе играат во полуфиналето на женскиот дел од турнирот во италијанскиот главен град. Последната тенисерка што ќе игра за финале ќе биде позната по натпреварот меѓу Венус Вилијамс и Гарбине Мугуруза.

Мастерс Рим – награден фонд 4,273.775 милиони долари

Мажи, четврт-финале

Тим (8., Австрија) – Надал (4., Шпанија) 6:4, 6:3

Зверев (16., Германија) – Раониќ (5., Канада) 7:6, 6:1

Изнер (САД) – Чилиќ (6., Хрватска) 7:6, 2:6, 7:6

Жени, четврт-финале

Свитолина (8., Украина) – Ка. Плишкова (2., Чешка) 6:2, 7:6

Бертенс (15., Холандија) – Гаврилова (Австралија) 6:3, 6:3

Халеп (6., Романија) – Контавеит (Естонија) 6:2, 6:4