Од:

Тероризам во Париз: Белгиецот што се предаде нема врска со нападите

Осомничениот Белгиец кој се доведуваше во врска со синоќешниот напад во Париз и кој и се предаде на белгиската полиција во Антверпен, нема врска со нападите.

Обвинителот во Антверпен изјави дека човекот се предал откако ја видел својата слика на социјалните мрежи како осомничен. Според него, овој човек нема врска со нападите и дека не е дел од истрагата за тероризам, објави АП.

Агенцијата исто така јави дека напаѓачот во февруари бил приведен поради закани кон полицијата но дека бил пуштен. Оваа информација за американската агенција ја потврдиле двајца високи француски функционери. Според Си ен ен, тој бил пуштен поради недостаток на докази.

Во меѓувреме француските власти привеле тројца членови на семејството на напаѓаѓот осомничен дека уби полицаец на познатата авенија Шанзелизе.

Министерот за правда на Белгија Коен Генс изјави за телевизијата ВРТ дека во моментов немаат информации за врските со Белгија.

Претходно портпаролот на француското МВР изјави дека осомничениот за кого трага олицијата им се предал на властите во Антверпен.

Во нападот за кој одговорноста ја презеде Исламската држава еден полицаец е убиен, додека двајца се тешко ранети. Еден од напаѓачите е убиен, а по вториот беше издаден налог за апсење и се веруваше дека во Париз пристигнал со воз од Белгија.

Во меѓувреме на Јутјуб се појави аматерско видео од моментот на нападот. На снимката се гледа напаѓач вооружен со калашњиков како пука кон полицијата. Снимката прикажува две лица покрај полициското комбе покрај кое е паркиран автомобил со сребрена боја.