Од:

Тетово: ДУИ слави, Ахмети ги поздравува славениците

Пред партиското седиште на ДУИ во Мала Речица и низ градските улици во Тетово и во околните населени места,членови и симпатизреи на ДУИ ја слават победата на оваа партија на вонредните парламентарни избори.

Колони со автомобили украсени со партиски и албански знамиња дефилираат по патиштата речиси на сите населени места во Полошко.

Славениците лично ги поздравил и претседателот на ДУИ Али Ахмети.


ДУИ во овие избори досега од обработените гласови,освоил над 150 илјади гласови. Нашиот политички противник е под 50 илјади.Од партиските штабови сум замолен да прогласувам една од најголемите победи во историјата на ДУИ – изјави Ахмети.

Оваа победа Ахмети им ја посвети на сите албанци во Македонија,на секој гласач на ДУИ и на гласачите во дијаспората.Тој ја спомна и подршката што доаѓала од турците,ромите и власите.

За Ахмети евроинтеграциските процеси остануваат приоритет за оваа партија.

Оваа победа е голема и за РМ бидејќи ДУИ има програма и платформа за излез од статус-квото и да ги направи чекорите за членство во НАТО И ЕУ како единствена алтернатива за подобра иднина и економски просперитет. Бидете уверени дека тоа што го ветува ДУИ тоа и го остварува -нагласи Ахмети.

На крајот лидерот на ДУИ Али Ахмети потенцираше дека досега ДУИ освоил 19 или 20 пратеници зависно од пребројуваните гласови.