Од:

Тилерсон: НАТО има право да биде загрижен поради Русија

Идниот државен секретар на САД Рекс Тилерсон смета дека американските сојузници во НАТО имаат право да бидат загрижени поради Русија.

Доналд Трамп го именуваше Тилерсон, поранешен директор на нафтениот гигант Ексон Мобил, за прв човек на американската дипломатија.

“Нашите сојузници во НАТО имаат право да бидат загрижени поради враќањето на Русија” на меѓународната сцена и додаде дека Русија претставува опасност, изјави тој пред комисијата за надворешни работи на Сенатот на САД.

“Русија денес претставува опасност. Но не е непредвидлива. Таа ја нападна Украина преку Крим и даде поддршка на сириските сили кои со голема бруталност ги нарушија законите на војната”, рече Тилерсон.

Тој го критикуваше функционирањето на Северно-атлантската алијанса и особено членот 5 кој зборува за солидарноста на членките на НАТО во случај на надворешен воен напад.

Тилерсон беше близок до рускиот претседател Владимир Путин додека беше на чело на нафтениот гигант од 2006 година до крајот на 2016 година.