Од:

Трагедија во Охрид: Американски кошаркар почина на прв тренинг

Првиот тренинг со екипата на АБ Охрид беше фатален за 26 годишниот Камерон Мур од САД кој пристигнал како засилување за второлигашот за новата сезона

Американски кошаркар почина во Охрид. Првиот тренинг со екипата на АБ Охрид беше фатален за 26 годишниот Камерон Мур од САД кој пристигнал како засилување за второлигашот за новата сезона, јавуваат локалните медиуми.

Трагичниот настан се случил синоќа во спортската сала во рамки на СРЦ „Атина Бојаџи“ по што веднаш била известена полицијата. На местото на настанот веднаш пристигнал тим на Брзата помош кој не успеал да го спаси несреќниот кошаркар. На телото на кошаркарот не се пронајдени траги на насилство. Причините за смртта се очекуваат по најавената обдукција на телото.