Од:

Трамп го нападна Си-Ен-Ен: Објавувате лажни вести

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, на својата прва прес-конференција не му дозволи на дописникот на Си-Ен-Ен од Белата куќа, Џим Акоста, да постави прашање, обвинувајќи ја неговата медиумска куќа дека објавува лажни вести.

Трамп прво го нарече Интернет порталот Базфид „неуспешен куп ѓубре“. Тој рече: „Мислам дека тие ќе си трпат последици. Веќе ги трпат“ и додаде: „Што се однесува на тоа што Си-ен-ен го напумпа… Срамота е тоа што се случи. Срамота е и мислам дека мора да се извинат.“

Тогаш Акоста рече: „Бидејќи нè напаѓате, можете да ни одговорите на едно прашање?… Бидејќи ја напаѓате нашата новинска организација, може да ни дадете шанса?“, на што Трамп му одговори: „Не вие. Вашата организација е ужасна.“

Тој продолжи да го прекинува новинарот: „Тишина. Не бидете безобразен. Не бидете безобразен. Не, нема да ви одговорам на прашање. Нема да ви одговорам на прашање.“

Трамп на крај додаде„Вие сте лажни вести!“ .

Доналд Трамп излезе со ваков став откако голем дел од медиумските куќи, вклучувајќи го и Си-Ен-Ен, известија за непотврдени информаии кои се однесуваат на Русија и нивно поседување на информации за бизнис интересите на Трамп но и видео материјали за неговиот приватен живот.