Од:

Трамп го осуди убиството на рускиот амбасадор

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го осуди убиството на амбасадорот на Русија во Анкара, Андреј Карлов и смета дека се работи за дело на „радикален исламски терорист“.

– Убиството на амбасадорот е кршење на сите норми на цивилизираниот свет и тоа заслужува сеопшта осуда, се вели во писмената изјава на Трамп, пренесува РИА Новости.

Новоизбраниот американски претседател исто така изрази сочувство до семејството и блиските на загинатиот дипломат.

Веднаш по атентатот, како превентивна мерка, Америка ги затвори сите свои дипломатски претставништва откако неколку часа по убиството, недалеку од нивната амбасада беше уапсено едно лице.

Покрај амбасадата во Анкара, САД ги затвори и конзулатите во Истанбул и во Адана.

Турската полиција уапси четири лица, а властите наведоа дека убиец е 22 годишниот Мевлут Мерт Алтинас кој бил припадник на полициските сили за разбивање нереди во последните две и пол години.