Од:

Трамп: Хилари Клинтон е ѓавол, ќе ги намести изборите

Американскиот републикански кандидат за претседател Доналд Трамп ја опиша својата противкандидатка Хилари Клинтон како „ѓавол“, додавајќи дека претседателските избори ќе бидат наместени.

Освен тоа, Трамп го нападна и Берни Сандерс поради тоа што „капитулирал“ и ја поддржал Клинтон.

„Направи договор со ѓаволот. Таа е ѓавол.“, изавил Трамп, а пренесува ББС.

Трамп предупредува дека се плаши дека изборите во ноември ќе бидат наместени, што како што пишува Гардијан, е изјава без преседан за претседателски кандидат.

„Искрено, страв ми е дека изборите ќе бидат наместени. Треба да бидеме внимателни на 8 ноември. Се надевам дека републиканците ќе следат што се случува“, рекол Трамп.