Од:

Трамп и Клинтон со големи победи во прелиминарните избори во Њујорк

Доналд Трамп и Хилари Клинтон, кои во во своите партии водат во трката да бидат номинирани за кандидати за претседател на САД, обезбедија големи победи во прелиминарните избори во Њујорк.

Клинтон вели, откако го победила Берни Сандерс, нејзината номинација кај Демократите е речиси обезбедена.

Според Трамп од друга страна, неговиот опонент кај Републиканците, Тед Круз, бил и математички елиминиран.

Своето обраќање по резултатите, Трамп го имаше од неговата зграда во Менхетен која го носи името Кулата на Трамп.

– Морам да им признаам на луѓето кои најдобро ме знаат, на луѓето од Њујорк, кога тие гласаат вака тоа е неверојатно, изјави Трамп.

Гласањето во Њујорк сепак помина во сенка на нерегуларности, бидејќи 125.000 луѓе фалеле во Избирачкиот список.

Организаторот  Скот Стринџер побара разгледување на изборите и резултатите поради „хаотичната и неефикасна“ организација.