Од:

Трамп: Мислам дека Русија стои зад хакирањето

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп изјави за првпат во средата дека тој верува дека Русија е одговорна за хакирањето пред изборите, но со презир ги отфрли наводите дека Москва спроведува кампања за да го компромитира.

На својата прва прес-конференција откако победи на изборите, борбениот Трамп јасно стави до знаење дека нема да го смени неговиот стил, кога тој ќе биде инаугуриран за девет дена. Тој се нафрли на медиумите и политичките непријатели.
Прес-конференцијата на Трамп потврди длабока желба на новоизбраниот претседател брзо да ја истакне
моќта, штом положи заклетва, коментира Си-Ен-Ен. Тој инсистираше на брзо движење, што е премногу брзо за некои Републиканци во Конгресот – да го замени Обамакеар (Obamacare). Тој, исто така, вети брза акција за изградба на ѕид долж границата со Мексико и номинирање на нов врховен судија.