Од:

Трамп сака нуклеарна воена надмоќ на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека toj сака да го зајакне нуклеарниот арсенал на САД со што американската воена надмоќ би останала загарантирана во светот. Тој за „Ројтерс“ одговори дека САД потфрлиле и заостануваат во капацитетите за нуклеарно оружје“.

Јас сум првиот, кој би сакал да ги види сите во ситуација кога ниту една земја нема да има нуклеарно оружје, но ние никогаш нема да заостанеме зад која и да е земја, дури и пријателска, никогаш нема да изостанеме во нуклеарната сила, изјави тој во интервју за Ројтерс.

– Би било прекрасно, би било остварување на сон ниту една земја да нема нуклеарно оружје, но ако земјите имаат нуклеарно оружје, ние ќе бидеме на чело на глутницата, додаде Трамп.

Тој изрази незадоволство поради тоа што Русија распоредила крилеста раката при што го нарушила договорот за контрола на вооружувањето и изјави дека ќе го покрене ова прашање пред рускиот претседател Владимир Путин, кога ќе се сретне со него.

Критичарите тврдат дека САД и Русија веќе имаат повеќе оружје од потребното за да изведат нуклеарен напад. САД поседува 6,800 нуклеарни оружија, а Русија 7,000 според бројките на американската Асоцијација за контролна на оружје.

Коментарите на господинот Трамп повторно покажуваат дека тој е неинформиран и има сиромашно разбирање за уникантната опасност од нуклеарни оружја. Историјата на Студената војна покажа дека никој нема надмоќ во трката за нуклеарно вооружување, се вели во изјавата на Асоцијацијата.