Од:

Трет пат одложено судењето на Павле Богоевски

Судското рочиште за активистот на Шарената револуција, а сега кандидат за пратеник, Павле Богоевски, обвинет за учество во толпа која предизвикала материјална штета врз зградата на Министерството за култура за време на протестите, повторно е одложено.

Третото одложување е поради отсуство на адвокатот на Богоевски, Сашо Дуковски, од лични причини.

Денеска, на покана на судот, за првпат се појави и претставник од државното правобранителство, а вторпат се појави и претставник од Министерството за култура кој треба да се произнесе за настанатата штета. Судењето е презакажано за 30 јануари следната година.

Минатото рочиште беше одложено откако одбраната на Богоевски побара одлагање за да го разгледа вештачењето.