Од:

Три милиони оштета за жртвите во масакрот во Беслан

Европскиот суд за човекови права заклучил дека Русија имала „сериозни пропусти“ во преземањето мерки за спречување на масакрот во училиштето во Беслан во 2004 година, кога повеќе од 330 луѓе беа убиени, вклучувајќи и 186 деца.

Судот ја критикуваше Москва и поради истрагата на случајот и наложи на подносителите на тужбата да им се исплати вкупно три милиони евра, јавуваат агенциите.

Во текот на опсада во Беслан, чеченските сепаратисти држеа над 1.000 луѓе како заложници, меѓу кои најголем број беа деца.

Драмата заврши кога припадниците на руските безбедносни сили влегоа во зградата.

Преживеаните тврдеа дека безбедносните сили примениле претерана сила, објавува Би Би Си.

Портпаролот на Кремљ, ваквата формулација на Судот ја оцени како неприфатлива за земја која преживеала терористички напад.