Од:

Трибунис Цивилис : Судење за „Злосторства против јавните пари“

„Трибунис Цивилис“ или граѓанскиот суд денеска напладне на Правниот факултет го одржува  четвртото „судење“ на тема „Злосторства против јавните пари“.

-Оваа сесијае посветена на организираниот криминал поттикнат од лукративни мотиви, на системска и систематска корупција, која, се чини дека, и покрај повремента промена  на властите во Македонија – останува тука. Имено, се чини дека  “културата на корупција и на клиентелизам” сублимно е напластена во нашите контигентни вредносни ситеми. Такавата култура е фактички конзервиран сопатник на секоја Власт. Во Македонија, како да постои тенденциозна намера, впрочем, корупцијата и криминалот да се “нормализираат”, да се релативизираат. Оттука, сисијата оправдано ќе се занимава со овој проблем, велат од „Трибунис Цивилис“.

Главен судија е Петар Гошев, а помошници судии се Јадранка Костова и Александра Гавриловска. Обвинението го застапува Сашо Ордановски, а одбраната Бранимир Јовановиќ.