Од:

ЦЕА: Евроообврзницата ќе донесе нови и поголеми проблеми

Процесот на издавањето на Еврообврзницата е нетранспарентна, води до натамошно влошување на одржливоста на јавните финансии на Република Македонија, ја амнестира фискалната недисциплина и е вовед кон натамошно задоволување на апетитите на клиентите на владеачката гарнитура во политичкиот процес, оценуваат од истражувачкиот Центар за економски анализи.

Од таму предупредуваат дека секое натамошно надворешно задолжување треба да бидат строго наменски и не за сите буџетски намени и да биде проследено со условувања од меѓународните финансиси институции.

Центарот за економски анализи препорачува неколку чекори кои треба да се преземат алармира за ризиците кои постојат по јавните финансии во државава.

– Еврообврзницата треба да се преиспита во нејзината висина и да се стави во рамка на национален консензус.

– Владата треба под итно да ги консолидира јавните финансии и за да не го загрози растот на економијата да открие фискален простор со барем ставање под мраз на сите ад-хок решенија.

– Ова е важно бидејќи сме свесни дека политичката сензитивност и тежина на „земјата со најниски даноци“ секако нема да донесе зголемување на даноците преку даночни политики туку очекуваме луцидни зголемувања на даночна
база, казни и квази-фискални оптоварувања. Вакви политики само водат кон правна несигурност, натамошна фрагментација и раслојување на населението и натамошна недоверба во јавниот финансиски систем на Републиката.

Во таа насока укажуваме и на документот Предлогот за итни демократски реформи на група граѓански организации кои го подржуваат и ова Соопштение за јавност. Во тој документ има низа на предлози за подготовка на владина програма за спроведување на клучните приоритети за нацијата.

Во делот на јавните финансии укажуваме на важноста да се ресетираат општите принципи за јавните финансии:
враќање на фискалната дисциплина;воспоставување на фискална транспарентност, се препораките од ЦЕА.