Од:

Цунами во Белата куќа: Кој е Сергеј Кисљак

Сергеј Кисљак, амбасадорот на Русија во Вашингтон често е надвор од очите на јавноста. Неодамна тој се најде во центарот на вниманието кога неговата врска со бившиот советник на Трамп за национална безбендост ја потресе администрацијата во Белата куќа.

Киљак ретко се појавува во јавноста, а времето најчесто го поминува во големата мермерна зграда на руската амбасада во Вашингтон, која се наоѓа на третиот по големина рид во градот. Во време на антикомунистичката хистерија имало стравување дека Советите од таа локација би можеле да ги прислушуваат американските комуникации, а денес Американците веруваат дека оттаму ги следат комуникациите што Кремљ им ги испраќа на своите луѓе во Вашингтон.

Деталите од разговорот на Мајкл Флин, сега веќе бившиот советник за национална безбедност во Белата куќа и Сергеј Кисљак пред Трамп да ја преземе формално должноста претседател, одекнаа како бомба во американската јавност.

Обвинувањата дека тогаш во својство на обичен граѓанин (што автоматски го прави одговорен за кршење на Логановиот закон од 18 век со кој се забранува контакт со странските сили со кои државата е во конфликт) разговарал со Кисљак за наводно укинување на санкциите на Русија откако Доналд Трамп ќе ја преземе власта.

Поради тоа Флин беше принуден да поднесе оставка на 13 февруари.

Не помина долго време, а Кисљак повторно се најде во центарот на вниманието, овојпат поради разговорот со Џеф Сешнс, изборот на Трамп за државен обвинител. Информациите за нивните средби покренаа лавина критики, па Сешнс сега се наоѓа под притисок да поднесе оставка, пишува британски Гардијан.

Новиот удар за Доналд Трамп дојде во најлош можен момент, кога се поправи впечатокот во јавноста по исклучително добрите реакции во јавноста после неговиот говор во Конгресот.

-Сергеј Кисљак стратешки целеше токму на оние луѓе за кои Кремљ сметаше дека би можеле да бидат клучни сојузници во новата американска администрација. Она што изненадува е степенот на успешност. Сешнс е веќе вториот висок член ан администрацијата за кој е откриено дека се среќавал со Русите и птооа се обидувал тоа да го скрие, изјави Алина Пољакова , заменик директор на Евроазискиот центар во Вашингтон.

Кисљак по професија е инженер, но завршил и Академија за странска трговија во СССР откако влегол во МНР во 1977 година. Првата дипломатска задача во САД ја извршувал во 1985-1989 година во делот за контрола на оружјето.

По оваа оставка, започнува кошмарот на Трамп

Стивен Пајфер, поранешен функционер во Стејт Департментот, а денеска директор за контрола на вооружувањето на Институтот Брукинс во Вашингтон вели дека кај Кисљак не забележал антагонизам код САД.

Работеше на подобрување на американско- советските односи и истовремено се обидуваше да влијае на построга контрола на оружјето. Тогаш кај него не забележав, за разлика од кај некои други дипломати, дека има антагонизам кон Америка.

Кисљак е интелигентен, одлично зборува англиски, духовит е . Исклучително е лојален кон својата земја, Веројатно со Путин често е во контакт, вели Пајфер.

Обама протерал 35 соработници на Кисљак

Кисљак бил руски амбасадор во НАТО во 1998 година по што е заменик шеф на руската дипломатија од 203. На амбасадорското место во САД доаѓа во 2008 година кратко откако Барак Обама го освои вториот мандат. Пред неколку месеци Обама протера 35  службеници на Кисљак од САД во Русија. Во своите ретки појавувања во јавноста Кисљак на минатогодишната прес конференција изјави:

-Успеавме да ја завршиме студената војна, но не успеавме да воспоставиме поствоен мир.

Одредени американски медиуми пишуваа дека Кисљак всушност е главен руски регрутер за тнр. „спијачи“- шпиони во САД, што Русија ја нарече „американска параноја“. Пајфер вели дека Кисљак од секогаш делувал и бил дипломат, иако смета дека тврдењето на американските медиуми е сосема можно.

-Во текот на ерата на Советскиот сојуз тој ја вршеше таа работа, и затоа е можно и сега да се занимава со тоа, вели тој.

Сите кои имале можност да соработуваат со рускиот амбасадор велат дека се работи за „мирен човек кој има шарм и дава цврстина и одбрана на руските интереси среде Америка“.

Евелин Фаркаш, бивша шефица на Отсекот за соработка со Русија при Пентагон вели дека Кисљак го почитува како активен, информиран и паметен човек.

Шармантен и духовит

-Кога и да се најде пред конфликт во врска со различни политички ставови, тој секогаш е џентлмен, но никогаш не отстапува од својот став, вели Фаркаш.

Зборлест е и секогаш подготвен, Кисљак оди со чекори на Анатолиј Добрињин, познатиот дипломат кој речиси четвртина век ги следеше и беше дел во обликувањето на американско – руските односи.

Кисљак инаку е и еден од амбасадорите со најдобар готвач во вашингтонската дипломатска заедница. Своите гости често ги нуди со специјалната водка со пиперка откако ќе ги почести со специјалитетите на модерната руска кујна.

Кисљак присуствуваше и на обраќањето на Трамп во Конгресот. Иако неговите состаноци со Сешнс се под налет на американската јавност тие сепак не се незаконски, вели Фаркаш.

Странските амбасадори често се среќаваат со сенаторите, најчесто за да ѓдоговорат деловна соработка на земјата и матичната земја на сенаторот. Сешнс рече дека на средбите со Кисљак во Сенатот „Украина одеднаш се појавила“.

– Тие состаноци се по малку ризични, но во суштина не се незаконски, вели Фаркаш.