Од:

Турција: “Безбедносна инспекција“ на Ердоган во Инџирлик базата

Минатата ноќ околу 7.000 вооружени полицајци со тешки оклопни возила ја опколиле и ја блокирале воздухопловната база „Инџирлик“ во Адана, која ја користи НАТО, а која веќе беше предмет на рестрикции по неуспешниот државен удар, пренесоа турските медиуми.

*Влада на РМ: Власта во Турција ја има нашата поддршка

Турскиот министер за европски прашања, Омар Челик, преку Твитер порача дека станува збор за “безбедносна инспекција“ и дека нема простор за паника.

Весникот Хуриет навести дека затворањето на базата можеби е поврзано со обид на Ердоган да спречи втор државен удар.

Весникот претходно објави дека властите добиле дојава за втор пуч и веднаш ги испратиле силите кај базата.

Операцијата траела два и пол часа.