Од:

Турција:Криминалци на слобода,се прави место во затворите за пучистите

По неуспешниот воен удар на 15 јули и масовните апсења, турските затвори се пренатрупани, па владата донесе декрет за пуштање на „слобода под надзор“ на дури дури 38 илјади луѓе кои издржуваат казни за разни кривични дела кои немаат врска со политика, јавува Ројтерс.

Турскиот министер за правосуство Бекир Боздаг овој чекор на владата го нарече „реформа“, но јасно е дека претседателот Реџеп Таип Ердоган и понатаму мисли да ги полни затворите со приврзаници на исламскиот свештеник Фетула Ѓулен за кој тврди дека е организатор на неодамнешниот обид за смена на турската власт.

Се проценува дека во изминатиот месец се приведени околу 30 илјади луѓе подари истрага за вмешаност во пучот, а десетина илјади се задржани во притвор.