Од:

Уапсен потпретседателот на Самсунг за корупцискиот скандал во Сеул

Потпретседателот на компанијата Самсунг електроникс Ли Џае јонг уапсен е во рамки на истрагата за корупција која довде до отповикување на јужнокорејската претседателка Парк Геун Хје.

Судот истакнува дека е неопходно негово апсење поради нови докази, пренесува АП.

Судот во Сеул истовремено го отфрли барањето за издавање налог за апсење на претседателот на Самсунг Електроникс, Парк Санг јин.

Канцеларијата на специјалниот обвинител во вторник, меѓутоа побара да се уапсат двајцата функционери на Самсунг поради корупција и по други обвиненија.

Портпаролот на специјалниот обвинител за испитување на овој политички скандал Ли Кју Чул рече дека 48 годишниот потпретседател на најголемата јужнокорејска компанија се сомничи за давање 36 милиони долари мито на советничката и пријателка на отповиканата претседателка, Чои Су Сил.

Тој за возврат барал да му помогнат да го задржи местото прв човек во компанијата откако неговиот татко и претседател на компанијата повеќе од две години е во болница.