Од:

Убедлив пораз на Македонија во ракометните квалификации за СП 2017

Фото: macedoniahandball.com.mk

По вчерашниот триумф над Фарски острови (21:19), женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз во второто коло на турнирот во Торшавн и во голема мера ги намали шансите за горниот дел на табелата што носат место во баражот. Австрија попладнево славеше со 28:19 во, можеби, решавачкиот дуел за второто место во групата. Сара Ристовска и овојпат беше прв срелец во „црвено-жолтиот состав“ со осум погодоци колку што постигна и Фреј за победничккиот тим. Керамичиева додаде шест за составот на Симе Симовски, Георгиевска и Ливриниќ постигнаа два, Саздова еден.

За Австрија ова е прв триумф на турнирот по поразот од Исланд на стартот. Австријките утре играат со домашната селекција што е апсолутен аутсајдер во Торшавн, Македонија, пак, ја очекува дуел со Исланѓанките во кој победата се наметнува за место во мундијалскиот бараж што е предвиден во јуни догодина.