Од:

Удар за Реал М.: Бејл не игра против Баерн

Проблеми за Зинедин Зидан пред реваншот со Баерн Минхен во четврт-финалето во Лигата на шампиони. На листата на повредени во Реал Мадрид, по Пепе и Варан, се најде и Герет Бејл. Настапот на велшкиот ас и онака беше под знак прашалник, но сега е извесно дека утревечер нема да биде меѓу „кралевите“ на „Сантијаго Бернабеу“. На негово место во почетниот тим се очекува да биде Џејмс Родригез.

Бејл влече проблеми со листот на мускулот од средината на вториот дел во мечот на „Алијанц арена“ поради што го немаше во составот и против Спортинг Хихон во саботата, а најавите одат во насока дека би можел да го пропушти и „Ел Класико“ наредниот викенд.

Бејл цела сезона се мачи во повреди. Во сите натпреварувања одигра 25 меча во кои постигна девет гола.

Реал утревечер (20.45 ч.) го пречекува Баерн со предност од 2:1 од првиот натпревар во Минхен.