Од:

УЕФА: Условни суспензии и казна од 100.000 евра за Олимпик и Бешикташ

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) изрече двегодишни условни суспензии за Олимпик Лион и за Бешикташ по дивеењето на нивните навивачи пред првиот четвртфинален дуел во Лига Европа. Францускиот и турскиот клуб се казнети и парично по 100.000 евра, објави УЕФА.

Навивачите на двата клуба се судрија пред мечот на 13 април во Лион поради што официјалните лица го поместија почетокот за 45 минути. Гостинските симпатизери користеа разни средства за пресметка со домашните, а употребија и пиротехника на што фановите на Олимпик одговорија со влегување во терен.

Францускиот состав на крајот победи со 2:1. Реваншот е утревечер (21.05 ч.) во Истанбул.