Од:

УЈП ќе ги гони угостителите во пресрет на УЕФА купот

Инспектори на Управата за јавни приходи се подготвуваат за голема акција во пресрет на УЕФА супер купот, но и на други големи собири како Пивофест, Струмица Опен и итн, соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска. На нејзината прва прес конференија откако е назначена таа рече дека УЈП ќе вршела „превентивна контрола во пресрет на најавените настани од спортски, културен и забавен карактер кои се планирани за време на летниот период“.

Таа се пофали дека УЈП викендов спровело контрола на 195 објекти од кои кај 32 се констатирани неправилности, при тоа некои од нив се и затворени. Во разговор со угостител којшто сакаше да остане анонимен НОВА дознава дека овој месец инспекции се праќале и на свадби, па од фотографите на свадбите се барале фискални сметки.Во Скопје инспекција била направена на 34 објекти, неправилности имало во 11. Во Битола 14, неправилности кај 3, Охрид 16 и неправилности кај еден објект, Кавадарци и Неготино 37 и неправилности кај 5, во Тетово од 24 објекти неправилности имало кај 4, во Куманово 28 и неправилности кај 4 и во Гевгелија и Дојран 25 со неправилности кај 3 угостителски објекти.

Директорката не одговори на прашањето од новинарите дали тие почнале постапки против големите компании кои должат даноци, но и дали работат на постапки за утврдување на потекло на имотот на оние големи компании кои се сомничеа за коруптивни дејствија во спрега со владата.

Појасни дека карактеристични се појавите во угостителската дејност каде на потрошувачите им се издаваат т.н. компјутерски сметки, односно сметки кои се печатат од обиечн принтер преку постоење паралелен систе. Таа додаде дека обиди за изигрување на законот има и со употреба на стари фискални апаратеи, кои се одјавени, а кои беа во употреба до 31 јануари 2015 година.

Угледот на Управата за јавни приходи за време на 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ беше препознатлив по притисоците кои се правеа врз микро и малите претпријатија, како и кон луѓето кои се дел од сивата економија од социјални причини, на пример човекот кој на пазарче продаваше коприви, а доби 100 евра казна за тоа. Оваа постапка на инспекцијата беше критикувана од граѓаните, но и од тогашната опозиција.

Тогашната инспекција беше обвинувана за селективност во казнувањето и таа, но и селективниот однос кон фирмите. Големите фирми беа привилигирани, а на малите и семејните бизниси им се изречуваа големи глоби и беа постојано притискани од инспекциите. Експертската јавност поддржана од опозијата тогаш говореше дека силните инспекциски притисоци и големите глоби врз овие мали  бизниси го оневозможуваат развојот на стопанството.